216
Кина е „длабоко загрижена“ дека конфликтот во Украина би можел да излезе од контрола, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг, повикувајќи одредени земји веднаш да престанат да „го разгоруваат огнот“, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, пренесува „Ројтерс“.
Во говорот на форумот во кинеското министерство за надворешни работи, Чин рече и дека тие земји треба да престанат да кажуваат „денес Украина, утре Тајван“.
„Силно се спротивставуваме на секоја форма на хегемонија, странско мешање во работите на Кина“, рече кинескиот министер за надворешни работи.