Пекинг му одговори на директорот на ФБИ во врска со потеклото на ковид: „Фалсификуван извештај“

од Stefanija Kuzmanovska
212 прегледи

Пекинг му одговори на директорот на ФБИ, кој тврдеше дека коронавирусот „излегол“ од кинеска лабораторија, по што настанала пандемијата.

Кина се противи на каква било форма на политичка манипулација под изговор дека го бара изворот на коронавирусот, изјави портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Мао Нинг, а пренесува „Спутник“.

„Вклучувањето на разузнавачките служби во научни работи само по себе е политизирање на ова прашање“, посочи портпаролката.

Таа, исто така, истакна дека заклучоците засновани на фалсификувани извештаи на американските разузнавачки служби немаат кредибилитет.

Претходно директорот на ФБИ Кристофер Вреј изјави дека оваа агенција ја смета за најверојатна верзијата за лабораториското потекло на коронавирусот.

Слични содржини