Кинеските власти објавија 23 нови случаи на инфекција со коронавирус меѓу луѓето кои пристигнаа на Зимските олимписки игри во Пекинг во четвртокот, се вели во соопштението на организацискиот комитет.
На 27 јануари во Кина пристигнале 351 лице, вклучувајќи 14 спортисти и официјални лица, како и 337 „други претставници“.
Меѓу заразените нема спортисти, прецизираат домаќините.
Игрите во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари.