Пекинг: Обвинувањата на САД за кинеска шпионска база во Куба се лажни

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Кина денеска соопшти дека обвинувањата на САД дека ја користела Куба како шпионска база се лажни и ја критикуваше американската влада и медиумите за објавување на, како што рече, неточни информации.

Официјален претставник на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден во саботата изјави дека Кина веќе некое време спроведува шпионажа од Куба и дека ги модернизирала разузнавачките капацитети на островот во 2019 година, пренесе „Ројтерс“.

Минатата недела Wall Street Journal објави дека на островот е во тек нова шпионска активност, повикувајќи се на американски официјални претставници.

Слични содржини