Пекинг: Соопштението на Г7 претставува грубо мешање во внатрешните работи на Кина

од Stefanija Kuzmanovska

Кина смета дека соопштението од состанокот на лидерите на Групата 7 (Г7) во Јапонија претставува грубо мешање во нејзините внатрешни работи, како и дека злонамерно го дискредитира Пекинг, соопшти денеска кинеското министерство за надворешни работи.

Портпаролот на министерството, Ванг Венбин, одговарајќи на прашање за позицијата на министрите за надворешни работи на Г7, рече дека во тој документ има „многу ароганција и предрасуди кон Кина“ и затоа Пекинг испрати силен демарш до домаќинот Јапонија, пренесе „Ројтерс“.

Министрите за надворешни работи на Г7 денеска ја потврдија важноста на мирот и стабилноста во однос на Тајван, како „неопходен елемент“ за глобалната безбедност, во време на растечки тензии околу островот што Кина го смета за своја територија.

Слични содржини