ПЕКОЛ: Оганот голта сè пред себе во Калифорнија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Шумските пожари кои продолжуваат да се шират низ Калифорнија досега уништија површина од 900.000 хектари, евакуирани се повеќе од 119,000 луѓе, а на многумина се им е уништено во пожарот. Повеќе од 12.000 пожарникари се на местото на настанот.

Различни снимки и фотографии од пожарот се споделуваат на социјалните мрежи, но најзастрашувачки се оние во кои Калифорнија буквално личи на пекол. Огнот голта апсолутно сè пред себе.

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи голема катастрофа во Калифорнија, со што се отвори можноста за испраќање на федерална помош заради шумските пожари. Силните ветрови ги попречуваат напорите на пожарникарите и се закануваат дека ќе го прошират огнот во населените места, јави Би-Би-Си.

Додека повеќе од 12.000 пожарникари се борат во Калифорнија против 560 пожари, гувернерот Гавин Њусом рече дека побарал средства и поддршка не само од другите држави на САД, туку и од Канада и Австралија. Гувернерот рече дека Австралија е земја на „најдобрите борци против пожари во шумите во светот“.

Вестите во петокот соопштија дека пожарите „несразмерно“ ја погодиле северна Калифорнија, каде десетици илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови и каде биле уништени стотици домови и други објекти.

Слични содржини