Пекол за Тухел – еден тандем побарал да си оди, друг уште не потпишал?!

од Vladimir Zorba
405 прегледи

Томас Тухел се уште не ги решил клучните проблеми во одбраната.

Антонио Ридигер и Андреас Кристенсен се уште немаат потпишано нови договори. Додека Данецот е блиску до продолжување на соработката, Германецот е се поблиску до заминување.

Ридигер му е благодарен на Тухел што му помогна да покаже колку вреди, но смета дека понудата на Челси не покажува колку го ценат. Германецот бара плата од 10 милиони по сезона, Челси не сака да го плаќа тоа, па во прв план дојдоа ПСЖ, Реал Мадрид, па дури и Манчестер Јунајтед, откако Ралф Рангник е близок со неговите агенти.

Освен Ридигер и Кристенсен, проблем за Тухел се и Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо. Договорот истекува и на Аспиликуета, но се чини дека „сините“ се уште не сакаат да му понудат нов. Затоа Аспиликуета гледа кон Шпанија, го посакуваат Барселона и Атлетико Мадрид, нема дилема дека ќе се вклопи во двата тима и дека им е потребен на Чави и Симеоне.

Аспиликуета смета дека мора да игра многу повеќе во 2022 година, за да биде во прв план на Луис Енрике за Светското првенство во Катар. Истото е и со Алонсо, кој кога Бен Чилвел ќе се опорави, нема да има значителна минутажа, поради што веќе му порача на својот агент да бара нов ангажман.

Сепак, малкумина веруваат дека Тухел ќе дозволи некој играч да си замине во јануари, иако на лето истекуваат дури три договори. Челси длабоко верува дека Кристенсен наскоро ќе потпише, додека Тухел ќе се обиде да го убеди Ридигер да остане. Алонсо и Аспиликуета се блиску до заминување, но многу веројатно на лето …

Слични содржини