Попладнево Дојран беше погоден од силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на крупен град. Временската нестабилност не стивнува, според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), нова нестабилна маса се движи од правец на Гевгелија кон Дојран, со што се очекува повторно влошување на временските услови.
„Пред околу дваесет минути Дојран беше зафатен од невреме со обилен дожд, силни грмежи, засилен ветер и крупен град. Нов бран нестабилно време е во движење од Гевгелија и се очекува повторно да го зафати Дојран“, се наведува во соопштението од ЦУК.
Дополнително, слабa нестабилност е забележана и во Кумановскиот регион, како и на подрачјето на Мариово.