Фудбалската легенда Едсон Арантес до Насименто Пеле побарал да биде погребан на највисоките гробишта во светот.
Симболиката на една од неговите последни желби била да гледа кон стадионот каде што би било изложено неговото тело пред погребот и домот на клубот на кој му ја даде речиси целата своја кариера.
Пеле ќе почива на деветтиот кат на меморијалните гробишта на Вселенската Некропола во Сантос и ќе „гледа“ кон стадионот на истоимениот клуб.
Овие гробишта се опишани како место за семејства кои сакаат да го „зачуваат своето наследство на поличен и приватен начин“.
Катот има и одредена симболика бидејќи таткото на Пеле, Додињо играше со „деветката“.
Pele's last wish was to choose the ninth floor of a cemetery in his beloved home city of Santos for his final resting place.
Chief Reporter @andylines visits the final resting place of a football icon. pic.twitter.com/j2J917E981
— The Mirror (@DailyMirror) January 2, 2023
Телото на Пеле ќе биде погребано во вторник на гробиштата изградени во 1983 година, со околу 14.000 погребни места.
Исто така, има тропска градина, ресторан и музеј на класични автомобили. Бразил ќе биде во тридневна жалост по погребот на Пеле, иако многу работи и детали околу погребот се уште не се познати.
Се претпоставува дека ковчегот на Пеле ќе биде обоен со посебни златни мотиви. Инаку, фудбалската легенда и трикратен победник на Светското првенство почина во четвртокот, по долга борба со ракот. Имаше 82 години.
Фото: Carl DE SOUZA / AFP / Profimedia