Погребан Пеле, 230.000 луѓе ѝ оддадоа почит на легендата! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Како што претходно беше најавено, Пеле беше погребан на деветтиот кат на најголемите гробишта во светот.

Медиумите пренесуваат дека дури 230.000 луѓе му оддале почит на Пеле во претходните два дена.

 

Поворката се движеше низ улиците на Сантос од 14 часот, по средноевропско време, до 18 часот, кога ковчегот пристигна на гробиштата каде што беше погребан „кралот на фудбалот“ во присуство на неговите роднини.

Поворката помина и пред куќата во која живее мајката на Пеле, Селест Арантес, која на 20 ноември наполни 100 години.

Таа го родила Пеле на 23 октомври 1940 година кога имала само 17 години.

Од звучник непрекинато се пуштал гласот на Пеле, поточно неговата песна од 2006 година, „Meu legado“ (Моето наследство).

Фото: EFE – Sebastião Moreira

Слични содржини