Пелегрини: Ниту еден договор за прекин на огнот во Украина нема да опстане без Европа

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Словачкиот претседател Петер Пелегрини изјави денеска дека ниту еден договор за прекин на огнот во Украина не може да опстане без Европа и ЕУ, додавајќи дека Европа треба да учествува во мировните преговори.

„Може да се договорат услови за траен прекин на огнот или мир, но без безбедносни гаранции, кои треба да ги вклучуваат земјите од ЕУ, тоа нема да функционира. Гаранциите и колку долго ќе трае мирот ќе зависат од ставот и силата на Европската унија“, рече тој на Минхенската безбедносна конференција.

Пелегрини, исто така, очекува дека конечната одлука за потенцијалното учество на ЕУ ќе ја донесе украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во својот говор на конференцијата во Минхен го повтори своето одбивање да прифати какви било мировни договори без учество на Украина и Европа, пренесува ТАСР.