Кандидатот поддржан од владејачката коалиција Петер Пелегрини победи во вториот круг од претседателските избори во сите региони на Словачка освен во Братислава, покажуваат официјалните изборни резултати кои денеска ги потврди Државната изборна комисија.
Пелегрини доби најмногу гласови во регионот Банска Бистрица, каде за него гласале 61,01 отсто од гласачите, пренесе ТАСР.
Само 34,02 отсто од гласачите со право на глас гласале за Пелегрини во регионот на Братислава.