Пеливанов за „Меѓународен сојуз“: Боки 13, Ременски, Ерцеговиќ и остантите да се прогласат за виновни

од Берта Китинска
342 прегледи

Првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 ги избрал за соработници Јасна Ерцеговиќ, Христина Блажевска и Фросина Ременски, ги манипулирал за тој да ги остварува личните цели, истакна застапникот на обвинението во завршните зборови во случајот „Меѓународен сојуз“,Трајче Пеливанов на денешното судење.

– Ременски била присутна речиси на секој состанок со оштетените. Таа им влеала доверба и сигурност дека проектот ќе се реализира, бидејќи имале поддршка од власта. Многу успешно ја одиграла својата улога, а тоа е дека зад проектот стои извршната власт. Оштетените кажаа дека ако не била Ременски, потпретседател на СДСМ Собранието, немало да склучат договори со Меѓународен сојуз. Не е зачудувачки овој заклучок на обвинетите, со оглед дека таа била само почесен претседател, немала функција. Неточно е дека обвинителството сакало да и наштети на авторитетот, кажа обвинителот.

Застапникот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од Судот да ги прогласи обвинетите за виновни, имајќи ја предвид тежината на кривичното дело.

Основачот на невладината „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски-Боки 13, е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет“, каде што е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, заедно со поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која доби затворска казна од седум години за „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

Слични содржини