Пелоси не исклучува постапка за импичмент на Трамп

од desk4
111 прегледи

Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот Нанси Пелоси изјави дека ништо не може да се исклучи, вклучувајќи и потенцијална процедура за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.

Пелоси говореше на собир во Калифорнија откако специјалниот обвинител Роберт Малер вчера изјави дека од Конгресот зависи што следува по неговиот извештај.

Пелоси рече дека бара комисиите во Конгресот да истражат дали Трамп ја опструирал истрагата на Малер.

– Ќе видиме до каде ќе не доведе ова … Ништо не е исклучено, додаде таа