Пелоси: Некои членови на Конгресот би можеле да бидат кривично гонети

411 прегледи

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот конгрес, Ненси Пелоси, изјави дека одредени членови на Конгресот можат да бидат гонети доколку се утврди дека тие помогнале или го поддржале насилниот напад на Капитол Хил.

Пелоси рече дека сака правда и дека ќе се испита дали некој од членовите на Конгресот има врска со нападот на 6 јануари, во кој беа убиени пет лица.

„Ако се утврди дека членовите на Конгресот биле соучесници во ова востание, ако тие помогнале или го поддржале злосторството, можеби ќе треба да се преземат активности надвор од Конгресот во однос на гонењето“, изјави Пелоси пред новинарите.

Изјавата дојде неколку дена откако Демократскиот конгресмен Мајк Шерил изјави дека видел неколку колеги да водат „извиднички групи“ на турнеите во Капитол ден пред нападот, според Гардијан. Повеќе од 30 демократски конгресмени потпишаа писмо во кое бараат повеќе информации за турнеите во Капитол на 5 јануари. Ненси Пелоси додаде дека ќе се изврши безбедносна ревизија на Капитол Хил, јави Танјуг.

Слични содржини