Претседателот Стево Пендаровски смета дека само најдобрите од нас можат да едуцираат млади луѓе.
-За жал, како што се редеа владите, не се смени нешто суштински околу платите на наставниците. Дојдовме до ова дереџе. Тие се поприлично потценети и тоа е лоша политика со децении. Не знам дали било кој мисли дека на нив не треба да им се даде подобри услови. Имам само една забелешка околу тајмингот на штрајков. После пандемијата и кризата во Украина, има притисок врз буџетите на сите земји, има ефекти на стандардите на живеење. Нема влада во светот која целосно се справува со инфлацијата. Би морале да најдат модел со владата и да ги почитуваат објективните економски индикатори. Мислам дека нивното барање за зголемување со тој процент од 18,6% нема да може да се реализира барем во овој момент, рече Пендаровски за штрајкот на наставниците.