Пендаровски: Британската монархија и САД се најзаслужни за нашето етаблирање во Обединетите нации

од Nikola Popovski
212 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски вечерва говореше околу кралицата Елизабета Втора и полемиката дали треба да се оди на погребот.

-Мојот резон и на повеќето од оваа политичка гарнитура, разбираат дека почит мора да се даде кон монархот кон кралицата на државата, која заедно со САД беше веројатно најзаслужна за нашето меѓународно етаблирање. Британската дипломатија во 1991/92 година, пред нашето членство во Обединетите нации, беше предводник на процесот за да влеземе под референцата во ОН, дури и американските дипломати не беа такви предводници, вели Пендаровски во емисијата „Трилинг“.

Тој појаснува дека кралицата била крунисана во 1952 година, а граѓанската војна во Грција е 1946-1949 година.

-Не велам дека 46-49 година британските дипломати и воени сили имале позитивна улога за нашите што живееле таму, но тоа нема никаква корелација со Елизабета Втора. Значајно е што првата деценија кај нас е со породилни маки, заклучно со 2001 година. Пред потпишувањето на Рамковниот договор, тој беше значајно помогнат од американската и британската дипломатија. И тука треба да им бидеме благодарни што ја спасија државата од голема граѓанска војна. Тие беа предводници во смирување на состојбата, додаде Пендаровски.

Пендаровски и неговата сопруга ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. Погребот ќе се одржи на 19 септември (понеделник) во Лондон.

Слични содржини