Пендаровски: Бројката на 3504 попишани Бугари е реална и апсолутно точна

од Nikola Popovski
247 прегледи

Бројката од 3504 граѓани со бугарско самочувство е реална и никој тука не треба да го доведува тој број во корелација со бројот на издадени државјанства на Републија Бугарија на наши граѓани. Еве го доказот. Не постои ниту еден единствен регистриран пример за време на пописот дека некој се декларирал како Бугарин, а тоа не му било дозволено од попишачите. Затоа тврдам дека оваа бројка е апсолутно точна и не треба да влијае во нашите односи со Бугарија и за нашите приближувања и преговори со ЕУ, вели претседателот Стево Пендаровски за бројот на попишани Бугари во земјава.

Пендаровски потенцира дека најголема контроверзија при статистичката операција предизвика бројот на луѓето кои не се опфатени со пописот.

-Има бројка на луѓе кои не сакаат да се попишат. Експертите велат во било кој попис се случува тоа низ Европа. Сепак, таа бројка од 132.000 граѓани кај нас е поради повикот на бојкот од одредени партии и поради ковид-кризата кога имавме висок број на заразени и починати граѓани. Мислам дека најголем дел од оваа бројка што не се попишале, а утврдено дека се тука е поради повикот за бојкот. Тоа одигра најголема улога, рече претседателот во изјава за ТВ 24.

Слични содржини