Пендаровски: Да му се забрани влез на Џамбаски во Македонија

од Radmila Tasevska
184 прегледи

По состанокот на Советот за безбедност во Вила Водно, претседателот на државата, Стево Пендаровски побара да му се забрани влез на европатеникот од Бугарија, Ангел Џамбаски. Сепак, тој не го именуваше, но рече дека станува збор за „европратеник од Бугарија“.

-Мој предлог до Владата кој го изнесов и на седницата е согласно одредбите на Законот за странци да му забранат влез во нашата држава на еден пратеник од Бугарија во Европскиот Парламент и на неколку други лица, државјани на Република Бугарија заради дејствијата кои порано ги преземале и сѐ уште ги преземаат против нашата држава. Законските услови за изрекување на таква мерка постоеле и порано и сѐ уште постојат. Тоа се трите, според законот ги цитирам, закана за јавниот поредок, закана за националната безбедност и закана за меѓународните односи на Република С Македонија, изјави претседателот Пендаровски.

Претседателот рече дека на лицата кои во тој момент се надвор од земјата да не им биде дозволен влез, а ако се веќе внатре да им биде откажан престојот и да прогласени за „персона нон грата“.   

Слични содржини