Пендаровски даде величина на институцијата претседател и внесе сигурност, порача пратеничката Марковска

од Nikola Popovski
154 прегледи

Нашиот пат и правец се јасни, дека сме за ЕУ, за европска држава, едностaвно не гледам друга алтернативна, освен евроинтеграциите, тоа е тој пат што ние го тераме многу години наназад и треба да го продолжиме, истакна пратеничката на СДСМ Даниела Марковска, во „Аргумент плус“ на Телевизија 24.

Марковска додаде дека очекува наредната влада да биде европски ориентирана.

-Во 2005 година добивме кандидатски статус, но оние 11 години изолација не вратија наназад, така да се случи 2016 да го одиме тој пат на еден многу потежок и поинаков начин, од оној што можевме да го изодиме од 2005, ако го продолжевме, рече Марковска, додавајќи дека по изолација од 11 години, ДПМНЕ и сега по 7 години нема јасен став, што и како понатаму со евроинтеграциите ако дојдат на власт, тие никогаш на граѓаните не им објасниле како ќе ги решат уставните промени.

Марковска нагласи дека уставните измени зависат многу од пратениците на наредниот парламент, тие треба да се спроведат, тоа е пораката и од стрaтешките партнери.

Во врска со претстојните претседателски избори, Марковска нагласи дека Стево Пендаровски повторно ќе биде избран за претседател.

-Пендаровски внесе демократија, даде величина на институцијата претседател, внесе сигурност. Убедена сум дека граѓаните ќе го направат вистинскиот избор и во вториот круг Пендаровски повоторно ќе биде избран за претседател, порача пратеничката.

Слични содржини