288
Полска ја поздрави Македонија како поволно место за инвестирање, изјави претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда.
Тој информира дека Полска ѝ донирала на Македонија 200.070 вакцини од компанијата Фајзер.
-Една од клучните теми беа и нашите евроинтеграции. Имавме продуктивна дискусија за да помогне во надминување на пречките што ги имаме. Поддршката за деблокирање на патот е од исклучителна важност, рече Пендаровски пред новинарите.