Пендаровски е за ветинг под силен мониторинг со луѓе од Брисел

од Nikola Popovski
280 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски синоќа порача дека правосудниот систем во земјава е лош и испорачува слаби резултати.

-Не е само тој надлежен во борбата против корупцијата. Нашето однесување на политичарите на локално и централно ниво во однос на непотизам, тендери, наддавање, е примарен генератор за корупцијата да биде на вакви размери. За волја на вистината, перцепцијата за корупцијата е прилично поправена како оценка, но не е доволно и во западно-балкански рамки. Далеку сме од просекот. Околу ветингот, секој од нас од политичарите дава изјави и прашувам кој ќе го спроведува? Повторно ние, кој орган? Дали е тоа истиот човечки материјал кој доведе до овие 8% доверба во правосудството? Подобро е со личен пример да покажеме дека сме насочени кон тоа да имаме нула толеранција кон корупцијата, рече Пендаровски во емисијата „Патот кон“.

Претседателот е за процесот на ветинг, но бара да го направиме под силен мониторинг на ЕУ.

-Сакам да видам луѓе од Брисел кој заедно со нас тука ќе го работат тој ветинг, додаде Пендаровски во синоќешното гостување.

Слични содржини