Пендаровски: Фудбалерите се херои и наша гордост

од Nikola Popovski
323 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски се огласи на социјалните мрежи после поразот на нашата најдобра фудбалса репрезентација од Португалија.

Како и за сите нас, така и за Пендаровски фудбалерите се „македонска гордост и херои“.

-Покажавте големина низ квалификациите за Светското првенство. Со пласманот на Европско испишавте историјата на македонскиот фудбал. Ве чекаме дома како победници, зашто победивте во идејата да се претставите најдобро, а со тоа и да нè направите горди. Успеавте да нè сплотите и да не направоте горди, објави Пендаровски на социјалните мрежи, прикачувајќи и фотографија од друштвото со кого го следеше историскиот натпревар на македонските фудбалери.

Македонија вечерва на стадионот „Драгао“ во Порто загуби со 2-0, со головите на Бруно Фернандеш по еден во двете полувремиња.