Пендаровски: Ги читам сите аргументирани критики за мене на социјалните мрежи, за да можам да се поправам

од Nikola Popovski
222 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски информира дека има администратор и оддел кој е вработен во Кабинетот, кој го менаџира неговиот официјален Фејсбук профил.

-Ги добивам сите коментари, кои се однесуваат за мене. Има и многу барања. Следам што се случува, но формално не го работам директно менџаџирањето на профилот. Сепак, добро е да знаете што мислат луѓето за вас на социјалните мрежи. Има и луѓе кои се негативно настроени кон сите, но добро е и тоа да го знаеш, вели претеседателот во интервју за ТВ 21.

Пендаровски наведе дека секое утро добива пресек со информации за тоа што е пишувано за него и по медиумите и на социјалните мрежи.

-Им кажувам давајте ми ги и лошите коментари, ама специфичните каде што има аргумент, каде ме критикуваш со право. Клетви и навреди не ми даваат и не ме интересираат. Издржана критика, колку и да е непријатна, морам да ја прочитам, за да се поправам, изјави Пендаровски.