Пендаровски го пречека латвискиот претседател Егилс Левиц

од Берта Китинска
185 прегледи

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Република Латвија Егилс Левиц, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи, политиката на проширување на ЕУ, безбедносните предизвици во поширокото соседство во контекст на руската воена инвазија врз Украина и други актуелни геополитички теми.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната и принципиелна латвиска поддршка за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на земјата, укажувајќи на балтичките земји како одличен пример за трансформација на општествата, преку евроинтегративниот процес. Евроатлантската интеграција на Западниот Балкан носи подеднакво безбедносна сигурност за континентот, како што тоа е случај и со балтичкиот регион – потенцираше Пендаровски.

По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка прес-конференција во 11:20 часот.

Слични содржини