Пендаровски: И јас би сакал уставни промени со одложено дејство, но тоа е надвор од реалноста

од Nikola Popovski
605 прегледи

Дури во ситуација и денес кога би почнале со уставните измени, ние не би можеле да завршиме до 11-12 септември, бидејќи за промени на Уставот минимум се потребни 3,5 месеци, рече претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција со неговата словенечка колешка Наташа Пирц-Мусар.

-Во тој дел се случува една позитивна промена во една сива слика претходниот период. Опозицијата немаше желба за гласање на Уставот и претпоставувам го знаете главното барање, додаде Пендаровски.

Пендаровски ја поздравува значајната промена во однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ од која, како што вели директно зависи дали ќе можеме дојдеме до 2/3 мнозинство за да го промениме Уставот.

-И двете страни се во право. Премиерот е во право кога вели дека има драстична промена во позицијата на опозицијата за уставните измени. Од друга страна опозицијата е во право кога вели за нејзините предуслови за уставни измени со одложено дејство кога ќе влеземе во ЕУ, кое според мене е надвор од реалноста. И јас би сакал такво нешто, меѓутоа заклучоците на Советот на Европа се кристални јасни. Морате да направите уставни промени до крајот на скринингот, за да продолжиме автоматски со отворањето на другите Поглавјата и одржувањето на Втората меѓувладина конференција. Знаете колку тешко дојдовме до тие заклучоци. Во тие заклучоци е вграден ставот на Бугарија. Тоа е сосема нереално и тоа сите го знаат. Се надевам дека не е изговор. Бев изненаден кога слушнав дека главната опозициска партија сака да биде дел од Владата и од позиција на Влада да гласа за отворање на Уставот. Вие можете да гласате за уставни промени и од позиција на опозиција, рече претседателот на заедничката прес-конференција.

Слични содржини