Пендаровски и Мицкоски подобро да замолчат за референдумот, вели Јакимовски

од Берта Китинска
188 прегледи

Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски им порача на претседателот на државата Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски подобро да замолчат во врска со најавениот референдум.

-Најдобро е двајцата да замолчат.Претседателот учествуваше во ова предавство, а лидерот на опозицијата ми беше асистент, таен предавник во оваа работа и сега за да се затскрие сето ова и штетата што ја трпи од неговата наводна тајна… Потполно е јасно која игра ја одигра, вели Јакимовски.

Тој додава дека 102,6% референдумот ќе биде неуспешен и нема да има мнозинство.

-Ама на Мицкоски му треба референдумот за да се испере пред меѓународната заедница и потоа да добие отворен пат во Парламентот да ги гласа уставните промени за Бугарчињата да влезат во Уставот, рече Јакимовски во „Click21“.

Слични содржини