Пендаровски и Заев положија цвеќе на споменикот на Мечкин Камен

од Nikola Popovski
433 прегледи

Од 18 часот започна централна свеченост на Мечкин Камен, Крушево, каде се одбележува 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

Оваа година се прославуваат 118 години од Крушевската република и 77 години од Заседанието на АСНОМ.

Веќе беше поздравена илинденската коњаница проследена со костимирана придружба, а во моментов трае полагањето на цвеќе и венци на споменикот на Мечкин Камен. Меѓу тие што веќе положија цвеќе се претседателот Стево Пендаровски, делегацијата на Владата предводена од премиерот Зоран Заев и министрите Спасовски и Филипче, како и делегација на Собранието, предводена од спикерот Талат Џафери.

По ова ќе следи настап на ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, ансамблот на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија, Влатко Стефановски и настап на воениот оркестар на Армијата. Во рамки на културно-уметничката програма, Никола Ристановски ќе одржи пригодна реч со пораки за Илинден.

Од оваа година, новитет е што нема да биде одржан говор од претседателот на републиката.

Слични содржини