Откако толку долго време бевме во чекалната на ЕУ, луѓето бараат алтернативи и тоа се гледа во остриот пад на ентузијазмот за ЕУ. Ние забележавме најголем пад во поддршката за ЕУ од нашиот народ. Нормално додека нема преговори, се отвора простор за злонамерните влијанија од третиот фактор. Земјата која што се наоѓа во таквата ситуација не е дел од заедничкото споделување на информации и не е дел од механизмите за справување со кризи, изјави претседателот Стево Пендаровски на вториот ден од третиот Преспа форум за дијалог, кој годинава се оддржува во Струга.
Претседателот се осврна и на фактот што младите и жените тешко се вклучуваат во процесите на донесување на одлуки во земјите од регионот.
-Тоа е затоа што нашето општество со векови е доминирано од машни возрасни лица. Не можам да видам друг начин за да се зголеми вклучувањето, освен преку афирмативните дејства. Во 2002 година воведовме една одредба каде што се бара најмалку 30% женски кандидати за членови на Парламентот. Од тогаш на сите избори забележавме дека 40% жени се дел од Собранието. Денес од 80 општини, имаме само две градоначалнички, рече меѓу другото Пендаровски на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“.