Пендаровски: Ја прифаќам поканата за заедничка дебата на МРТ

од Симе Стоиков
258 прегледи

Актуелниот прв човек на нашата држав кој воедно е еден од седдмуината кандидати за претседател, Стево Пендаровски попладнево се огласи преку своите социјалните мрежи каде напиша:

-Решив да ја прифатам поканата за заедничка дебата на националниот јавен сервис – Македонска радио телевизија, со оглед на тоа дека сите мои противкандидати ја прифатиле поканата да учествуваат во дебатата.

Дополнително, информирам дека останувам на претходно изнесениот став дека е потребно да се расветли случајот во кој имаше јавно изнесени индиции дека јавниот сервис бил користен за изработка на лажни анкети и дебати за рејтингот на политичките партии и кандидатите за претседатели, а со тоа и фабрикување на јавното мислење.

Останувајќи доследен на принципот на транспарентноста за мојата работа и како претседател и како кандидат за претседател во тековната кампања, ја информирам јавноста за овие прашања за кои имаше интерес изминатите денови.

Слични содржини