316
Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе го потпише Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија кон Северноатлантскиот Договор.
– Денеска ќе го потпишам Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија кон Северноатлансткиот Договор, претходно парафиран од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, објави претседателот на својот официјален профил на Фејсбук.
Наведува дека потпишувањето на инструментот е финалниот чекор за членството во НАТО.
– Во вонредни околности ја реализираме една од двете најважни стратешки цели на државата – полноправно членство во најголемата воено-политичка организација на светот, додава претседателот Пендаровски во објавата на Фејсбук.