Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Централниот одбор на СДСМ официјално го потврди Ковачевски како кандидат за нов премиер. Формирањето на новата влада Ковачевски го најави за средината на следниот месец, најдоцна до 18 јануари.
Со поранешниот претседател Бранко Црвенковски сум немал разговор во последниот период. Сите разговори со новото раководство ги водев сам. Во партијата сум 30 години и со сите сум имал одлична соработка и искуство, вели новиот мандатар на Владата и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, гостувајќи во Дневникот на ТВ Сител.
Ковачевски информира дека ги видел обвинувањата на опозицијата, споредувајќи го него „како пион на Заев“.
-Бев мета на напади уште од првиот ден. Сепак сакам да нагласам дека тимот што го одбравме вчера е целосно создаден од моја страна. Јас сум човек со свој интегритет и визија. Што се однесува до владиниот кабинет, се уште не сум го составил. Од утре ќе имам разговори, по што ќе го направам изборот, а би требало да биде готов до 11 јануари, рече Ковачевски.
Во однос на неговите први средби со лидерите на други земји, Ковачевски изјави дека со задоволство го очекува премиерот на Бугарија, Кирил Петков во посета на Македонија.

Собранието минатата недела ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, со што започна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова влада.
Откако мандатарот ќе го добие мандатот за формирање нова Влада, се очекува во текот на првата половина на следниот месец тој до Собранието да ги достави програмата за работа и составот на новиот владин кабинет, по што пратениците ќе треба да гласаат за избор на новата влада. За да биде избран, за предложениот владин кабинет треба да гласаат најмалку 61 пратеник. Новото парламентарно мнозинство составено од коалицијата предводена од СДСМ, заедно со ДУИ, Алтернатива и ДПА има 64 пратеници во Собранието.