Пендаровски-Кривокапиќ: Македонија и Црна Гора се пријателски земји без отворени прашања

од Nikola Popovski
262 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, ЗдравкоКривокапиќ.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора, при што беше оценето дека се традиционално партнерски и пријателски, без отворени прашања.

На средбата беше истакнато дека двете држави, како сојузници во НАТО споделуваат исти вредности, и даваат придонес во унапредувањето на регионалната соработка. Исто така, двете држави споделуваат идентична надворешно-политичка цел – членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски и премиерот Кривокапиќ разменија мислења за случувањата и состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.

Слични содржини