Со секја почит кон лидерот на СДСМ Зоран ЗАЕВ но останатите се нерелеванти, и во евентуално нови договор по Пржино не може само тие да решаваат за иднината на Македонија. Мора тука за почеток да бидат вклучени и претставници на Шарената револуција, порача претдедателскиот кандидат Стево Пендаровски на вечерашната Топ тема на Телма
Содржината на Пржино не се опредмети, и тој е мртов договор. СЈО е убиен, нема притвори и постапки., и затоа излезе и Шарена револуција , тоа е потврда дека ништо не функцоинира од тој пржински пакет. Па ако сакате и изборите и датумите им пропаднаа или ако сакате не се испочитуваа, нефункционално е , и нема демонтажа на системот на Груевски
Треба воошто да се разговара дали да се разговара со Груевски,порача Пендаровски , и треба д сае направи формат на разговори од типот со името , посредно , туку треба да преговара меќународниот фактор а после ние со него – тој не почитува ништо друго. Немам верба во човек кој закажува еднопартиски избори и нема што да се преговоара со Груевски , е изричит Стево Пендаровски
Тој додава, СЈО дојде до сметките на власта, до големи трансакции и сомнителни бизниси кои се истражуваа, и затоа дојде до таа брза аболицијата на власта. И токму поради тоа нема што да се преговара во ваков пакет како досега. Ако Груевски си спроведе избори тие ке се соочат со отворање на тие скриени сметки пред јавноста , ќе следи изолација со црни листи за водството на ВМРО ДПМНЕ, и токму поради тоа сметам дека пржинскиот договор е мртов и потребен е друг, и треба да има друг развој и насока на настаните за излез од кризата.
Времето на партизанските споменици поминаа и нема повеќе првоборци и второборци, вели во „Топ тема“ Пендаровски имам соработка со Заев и Шеќеринска, но не гледам дека треба повеќе од тоа што го имаме, а тоа се повремени месечни средби