Пендаровски: Лошо би било доколку политичките случувања се прелеат на улица

од Nikola Popovski
196 прегледи

Не сметам дека земјава е влезена во бугарско сценарио во однос на политичките случувања, вели претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Според него, „добро е што се што се одвива е се уште во рамки на Парламентот, низ процедура, а лошо би било доколку политичките случувања се прелеат на улица“.

Тој е дециден дека немал дилеми, ниту какви било двоумења на кого да го даде мандатот кога требаше да се гласа доверба на Владата во Собранието и кога имаше „трка“ околу мнозинството.

-Јас бев на чисто што ќе правам во однос на мнозинството. Прво се гласа недоверба на Влада, па бираш нова со мнозинство од 61 пратеник. Ако ја срушеа Владата со 61 пратеник, ќе беше легитимно на втората по бројност пратеничка група, ВМРО-ДПМНЕ, да и се даде мандатот. Ако останеше тоа мнозинство и кога требаше да се бира новата влада, допволен ќе беше само телефонски повик од лидерот на опозицијата и тука Уставот не остава простор, мора да се даде мандатот на тие што го имаат мнозинството, изјави Пендаровски.