Пендаровски: Македоскиот јазик му дава легитимитет на македонскиот идентитет

од Andreja Salpe
285 прегледи

По повод 5 мај, денот на македонскиот јазик, во спомен собата на Крсте Петков Мисирков во Институтот за македонски јазик се промовираше дигиталното издание на толковниот речник на македонскиот јазик во издание на Институтот за македонски јазик. Свое свечено обраќање имаше претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Пендаровски меѓу другото говереше за значењето на македонскиот јазик и за значењето на Крсте Петков Мисирков и Блаже Коневски. Тој истакна дека македоскиот јазик му дава легитимитет на македонскиот идентитет.

,,Македоскиот јазик му дава легитимитет на македонскиот идентитет, затоа Коневски сметал дека нашето јазично прашање ние треба сами да го решаваме и никој нема право да ни се меша во тоа. Македонскиот јазик е наше природно и основно човеково право и чувар на нашата колективна меморија, затоа и со последната статија Коневски не потсетува на нашата обврска, да го продолжиме делото на неговата генерација, вложувајќи во македонскиот јазик. Тоа подразбира активно да ги поддржуваме домашните и меѓународни научни истражувања во сите области поврзани со макеоднскиот јазик и неговите дијалекти”, истакна Пендаровски

Инаку, азбуката е создадена на 3 мај 1945 и е предложена од тогашната Влада, а официјализирана е на 5 мај со објавување во весникот Нова Македонија. Првата стандардизација е направена уште во 1903 година од страна на Крсте Петков Мисирков, но не заживеала освен во неговата книга. Стандардизирањето е овозможено со создавањето на државата со АСНОМ во 1944 година.

Слични содржини