Пендаровски може да биде само аналитичар, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
218 прегледи

Денешното интервју на Стево Пендаровски докажа дека штетните политики на Зоран Заев продолжуваат преку неговите слепи послушници, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на гостувањето на претседателот во емисијата „Само интервју“.

Од „Белиот дворец“ сметаат дека Стево Пендаровски може да биде единствено аналитичар, но не и добар претседател на граѓаните на Република Македонија.

-Истиот тој во денешното интервју потврди дека со две раце ќе потпише се што ќе понуди Петков. Но, затоа Пендаровски нема решение за сите проблеми кои ги засегаат граѓаните како енергетската, економската и здравствената криза.Пендаровски во историјата на Македонија ќе остане запаметен како претседател кој никогаш немал јасни ставови и позиции во однос на државата, велат од најголемата опозициска партија.