Пендаровски: Можно сценарио е целосно срамнување со земја на главните украински градови

од Nikola Popovski
449 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски информира дека досега од западните сервиси нема податок ни приближно колку ќе трае ситуацијата во Украина.

-Се повеќе на гласност добива сценариото дека можно е руските сили да ги опколат главните украински градови за краток временски период и врз нив да се примени системот на Алепо или Грозни во Чеченија, што значи не дај боже комплетно срамнување со земја и стотици илјади мртви. Очигледно е дека врз Путин никој нема ни влијание ни контрола. Во неговата глава тој мора да ја заврши работата, рече Пендаровски.

Претседателот смета дека единствена точка на надеж во моментов е израелскиот премиер кој има план за решавање на кризата преку разговор со Путин.

-Во тоа краткото соопштение што го објавија се гледа мала надеж со целосен план, а не е насочен само кон евакуирање на Евреите на Украина. Ако тој разговараше со Путин за евакуација, прв ќе го евакуираше Зеленски, рече Пендаровски.