Претседателот Стево Пендаровски се обрати на пленарната сесија на Самитот за демократија кој се одржува виртуелно во организација на претседателот на САД, Џо Бајден.
-Дозволете ми да искажам искрена благодарност до американскиот претседател Бајден, кој е домаќин на овој Глобален самит за демократија. Овој настан се случува во најкритичниот временски период, кога сите сме сведоци на слабеењето на „имунолошкиот систем” на демократиите ширум светот. Овој Самит за демократија се совпаѓа со Меѓународниот ден за борба против корупцијата и Меѓународниот ден на човековите права. Длабоко сум убеден дека ќе испратиме унифицирана порака до сите популистички и авторитарни режими кои се стремат да ги поткопаат нашите вредности и да ја потиснат слободата на луѓето, изјавил Пендаровски во обраќањето.
Според него, нашата демократија се изроди по половина век авторитарно владеење.
-И покрај ваквото огромно регионално влијание врз македонското мулти-културно општество, успеавме да изградиме и да одржиме функционален модел на мултиетничка демократија. Стратешките цели за членство во НАТО и Европската Унија беа силен поттик дополнително да се зајакне довербата на граѓаните во демократскиот модел на управување, потенцирал претседателот на државата, додавајќи дека „светот заслужува многу подобра иднина. Само во демократија можеме да бидеме сигурни за исходот“.