Пендаровски најави дека нема да трча за втор мандат

од Nikola Popovski
233 прегледи

Шефот на државата, Стево Пендаровски по се изгледа нема да се кандидира за втор мандат како претседател. Тој денеска, одговарајќи на новинарско прашање, кратко одговорил со НЕ, без да даде повеќе образложение.

Пендаровски ваквата изјава ја дал по отворањето на дводневниот Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, а во рамки на Програмата Граѓаните против корупцијата и Програмата Регионалната мрежа за антикорупција (СЕЛДИ).

Пендаровски стана претседател во мај 2019 година. За тогашниот кандидат на СДСМ и ДУИ, поддржан од 30-тина други партии, гласаа 435.656 граѓани.

Официјално засега кандидатура најави докторот Вело Марковски кој ќе побара поддршка од 10.000 граѓани, чии потписи ќе се собираат согласно законските прописи по распишување на изборите. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за кандидати.

Според она што го договорија лидерите на партиите на средбата во понеделникот, претседателските избори треба да се одржат на 24-ти април и 8-ми мај следната година.

Слични содржини