Пендаровски најави посета на Бугарија: Ќе се обидам да дадам личен придонес во процесот

од Берта Китинска
186 прегледи

Станува збор за одличен почеток на оваа нова фаза на билатералните односи меѓу С.Македонија и Бугарија. Има две нови влади и нови премиери, се чувствува нова енергија и реторика има и нова методологија во работата, кажа денеска претседателот Стево Пендаровски, Амбасадорска тркалезна маса насловена „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс“во врска со случувањата со Бугарија и посетата на премиерот Ковачевски.

-Мора кристално јасно да се каже дека само станува збор за почеток ноа фаза значи ние сме далеку од подлабоко навлегување во процесот и далеку од позитивно завршување на овој процес.Јас ќе се обидам да дадам свој придонес во овој процес. За помалку од еден месец планирана е средба со мојот колега Радев мојот став е дека двајцата претседатели треба да дадат свој придонес.Убеден сум дека Радев го дели моето мислење, кажа Пендаровски.

Слични содржини