Пендаровски: Најнова идеја промовирана во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ им е предлогот за носење на целосно нов граѓански устав за кој опозиционата партија досега се нема произнесено зошто ни е потребен

од Симе Стоиков
255 прегледи

„Со последните измени на кривичниот законик, обвинува пратеничката која заедно со своите колеги направи кворум при гласањето во парламентот и со кои измени на најмалку четири пати повеќе пратеници и функционери на партијата која ја предлага им беше намален рокот за застареност на делата отколку на сите партии заедно во владеачката коалција и поради сето тоа зад нејзината кандидатура стои никој друг туку првата политичка партија во нашата историја која беше предмет на истраги од СЈО поради незаконско финансирање и рекетирање на фирми кои добивале државни тендери поради што со години им беше блокирана жиро сметката. Најнова идеја промовирана во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ им е предлогот за носење на целосно нов граѓански устав за кој опозиционата партија досега се нема произнесено зошто ни е потребен“, претседателот Стево Пендаровски на голем сенароден митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина.

Тој додаде дека политичката гарнитура на власт и овој претседател од СДСМ никогаш не давале лажни надежи за брза реализација на стратешките цели на државата.

„И денес не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиена држава во Европа, не верувам дека целиот тој процес ќе трае неколку месеци, но говорам и повторувам дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние на кои претходно видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, потенцираше Пендаровски.

Тој додаде дека по повеќе од 3 децении независност, македонските граѓани знаат да препознаат чија програма е реална.

„Ги знам нивните анкети, и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај“ заклучи Пендаровски.

Слични содржини