Пендаровски: Не би било проблем и новото Собрание да го ратификува Протоколот за НАТО

од Aleksandar Todeski
305 прегледи

Ме радува тоа што се намалува бројот на оние кои се против влезот во НАТО. Оние кои се неопределени имаат мноштво мотиви, не само еден, рече претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Детектор“ на Сител.

„Можеби има неопределени зошто се одложи влегувањето во НАТО се одложи поради ситуацијата во Шпанија, претпоставувам дека дел од неопределените се зголемиле затоа што очекувавме сите да станеме членки на Самитот на НАТО. Целата Алијанса не може да биде одговорна заради една влада. Шпанија мора да биде со целосно функционална Влада, така е и според Уставот нивни“, рече Пендаровски.

Според него, Црна Гора имала причина што предвремено го ратификувала Протоколот и додава дека кај нас тоа може да го направи и новиот парламентарен состав.

„Има дилеми кај нас дали да ратификуваме порано, како што тоа Црна Гора го направи, но дај боже да остане само ние да ратификуваме, бидејќи кога ќе дојде ситуацијата до точка само ние да ратификуваме, тоа е точка од која нема враќање и дека не би било проблем новото Собрание да го ратификува протоколот“, вели претседателот.

Според него, неспорно е дека НАТО е пред зе безбедносна организација во која армиите се во сојуз.

„НАТО е перцепиран како гарант за безбедноста, зошто луѓето си велат да, сега ќе бидеме внатре и нема да не нападнат. Од првите земји кои се влезени до денес нема земји-членки кои немаат зголемување на странски инвестиции, инвеститорите гледаат дека ако си внатре имаш предвидлива иднина“, нагласи Пендаровски

Слични содржини