Околу можноста за внесување на Бугарите во Уставот, сите знаеме дека преговорите со ЕУ, во најдобра варијанта траат со години. Последниот пример со Хрватска траеше седум години. Секоја наредна држава која влегува во ЕУ, подолго преговара. Се да е идеално, нема човек кој што ќе виде каже дека сега може да се влезе за две три години. Малкумина се оние кои ќе потврдат дека владата на Петков ќе издржи седум-осум години до нашиот евентуален влез, вели претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Патот кон“.
Тој потенцира дека ова е политика.
-Следната влада во Бугарија ќе рече ова што потпишала претходната влада, биле предавници на нашата кауза, не нѐ интересира. Од кого да бараме такви гаранции? Не можеме да го отвораме Уставот по потреба секој понеделник, рече Пендаровски.