Пендаровски: Не станува збор за стратешки договор со Британците, туку за начелен меморандум

од Марта Пешевска
26 прегледи

Поранешниот претседател Стево Пендаровски во интервју за Дојче Веле изрази сомнеж во врска со најавениот „стратешки договор“ меѓу Македонија и Обединетото Кралство. Според него, документот што беше претставен пред јавноста и ратификуван од страна на Собранието не претставува вистински стратешки договор, туку повеќе личи на обичен меморандум за соработка.

„Она што беше потпишано и објавено не е договор за стратешко партнерство. Тоа е повеќе почетен документ или писмо со намери, во кое двете страни само ги набројуваат областите во кои планираат да разговараат понатаму“, изјави Пендаровски.

Тој појасни дека станува збор за четири главни области во кои ќе се формираат работни групи, кои дури потоа ќе треба да одредат конкретни проекти. Главната насока на соработката, според Пендаровски, е британско финансирање на инфраструктурни проекти во Македонија.

„Ова не е договор со конкретни обврски или стратегија. Тоа е само израз на добра волја да се разговара понатаму. Дури најавуваат дека можеби еден ден ќе има и вистински стратешки договор. Да сме живи и здрави, можеби и ќе го дочекаме тој ден“, додаде поранешниот претседател.

Слични содржини