Пендаровски: Не сум аминџија како мојот претходник, на кој гласот не му го чувме 9 години

од Nikola Popovski
480 прегледи

Со Заев имавме различни ставови за неколку работи, но тој беше одличен, вели претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Само интервју“, зборувајќи за неговиот однос со довчерашниот премиер Зоран Заев.

Пендаровски информира дека со Заев се знаат многу одамна.

-Ме знае мене одамна и јас го знам одамна. Тој сигурно не очекуваше дека ќе бидам аминџија како мојот претходник, кој глас не му чувме 8-9 години, објаснува Пендаровски.

Во однос на неговиот став за иницијативата „Отворен Балкан“, Пендаровски вели дека нема ништо друго во позадина за наводните различни ставови со премиерот.

-Го одобрувам Отворен Балкан, но доколку остане во ваква форма, коментира Пендаровски.