Пендаровски нема да бара договор за механичко префрлување на гласовите во вториот круг

од Nikola Popovski
559 прегледи

Претседателот и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски вечерва порача дека изборните резултати од првиот круг не се такви како што очекувале во неговиот изборен штаб.

-Очекувавме помалку, но уште од утре тргнуваме од нула и со средби со граѓани. Гласовите се поделија на повеќе страни поради многуте кандидати. Од утре продолжуваме на средби со граѓани. Ќе продолжам со истиот принцип како и досега, истакна Пендаровски на прес-конференцијата во хотелот Александар Палас.

Ги охрабри граѓаните кои не гласаа во првиот круг, да гласаат на вториот затоа што, како што рече, знам дека добар дел од нив веруваат дека победникот се решава на вториот круг.

-Очекувам уште поголем одѕив. Нема да барам договор со другите кандиати за механичко префрлување на гласовите. Никогаш не сум го правел тоа, ниту сега планирам, за да механички преземам од било кого. Едноставно на сите граѓани ќе им го презентирам мојот концепт. Ќе одбијам било каков обид за нудење на квантум на гласови – тоа би било големо понижување на граѓаните, кажа шефот на државата.

Според Пендаровски, анализите ќе покажат „дали граѓаните го казнија него поради СДСМ“. Потенцира дека нема да има пауза, ниту одмор за него до вториот круг од изборите.

Од досегашните резултати на ДИК, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова има 290.259 гласови односно 40,05%, а Пендаровски 141.706 (19,55%) од вкупно 81,06% обработени гласови.

Слични содржини