Од новото раководство на Пливачката федерација на Македонија пред некој ден бев информиран дека тие веќе после една спроведена ревизија на работењето на претходното раководство и организатори на маратонот, имаат поднесено извештаи или кривични пријави до Антикорупциска и до Основното јавно обвинителство. Очекувам, бидејќи станува збор за многу сериозни наводи од тоа што ми беше презентирано од новиот претседател на Федерацијата, дека тоа ќе биде земено веднаш во работа и нема да чекаме години и години да разбереме дали има таму навистина криминал, на што упатуваат ревизорските наоди и изјавите на новото раководство или нема ништо. Тој е таканарачен евентуално криминален дел на организацијата – изјави претседателот на државата Стево Пендаровски.
Тој посочи дека има луѓе во опозицијата кои некои работи не ги разбираат и дека не е возможно да до толку да не разбираат и не прават разлика меѓу покровител, организатор и спонзор.
-Ја сум и денес покровител на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, но немам никаков контакт со финансиската конструкција на семинарот. Имам уште неколку покровителста и тие ги преземав од моите претходници. Ние можеме неформално да помагаме барајќи од приватни фирми спонзорства, но од Кабинетот на Претседателот не било никогаш одделувано пари и средства за организација на било која манифестација на која претседателот е покровител, појасни Пендаровски.