Претседателот Стево Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос порача дека потребно е да ѝ помогнеме на Украина, да ги убедиме и другите сојузници кои можеби имаат одредена доза на скептицизам.
Според Пендаровски, политиката на „отворени врати“ не треба да важи само за НАТО, туку да се применува и за ЕУ, двете организации да останат отворени за украинскиот народ.
-Украинците се борат за сопствената слобода, но оваа борба е и за одбрана на демократските вредности. Ова е војна на една автократија против демократија. Демократијата секогаш ќе ја победи диктатурата. Ние сите сакаме да живееме во демократија, потенцира претседателот.
Пендаровски појаснува дека доколку не дојде до тоа, концептот за обединета Европа, во мир со себе и со светот од Атлантикот до Урал, ќе биде само сон.