Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски вчера ги посети граѓаните на Свети Николе.
Со граѓаните Пендаровски зборуваше за значењето правдата и правото како столбови на секоја демократска држава.
-Како претседател моја основна задача ќе биде да го кревам гласот за правда и правдина. Не може претседател да нема став и да не осуди насилство. Неправда е да се брани насилниот упад во Собранието, како што тоа го прави мојата против кандидатка, порача Пендаровски.
Од една страна стојам јас, заедно со мнозинството граѓани, за држава која се темели на правда, напредок и евроинтеграции. А од друга страна опозицијата и нејзиниот кандат чиј единствен приоритет е партијата и заштита на мрачното минато, додаде Пендаровски.
Попладне Пендаровски продолжи на средби со граѓаните на Штип
Тој попладнето учествуваше на граѓанска трибина во Штип.
Во дебатата, Пендаровски го посочи значењето и придобивките за граѓаните од интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ, не само од аспект на безбедност и стабилност туку и од економски аспект, повеќе пари и подобрување на животниот стандард.
-Имаме меѓу партиски консензус за членството во НАТО и ЕУ, од декември 1993 година, многу политички гарнитури декларативно се залагаа но само на оваа политичка гарнитура предводена од Зоран Заев успеа да ја донесе земјава на прагот од најсилните сојузи кои некогаш постоеле. рече Пендаровски.
Пендаровски рече дека ќе биде претседател на сите граѓани и повика на солидарност и обединување околу овие стратешки цели, ЕУ и НАТО. Не смееме да дозволиме процесите да не се вратат назад во минатото, во неизвеснота, во изолацијата, далеку од ЕУ и НАТО.
-Ја гледаме опозицијата со нејзиното однесување и кандидатот. Имаме работа со луѓе кои не признаваат грешки, не признаваат реалност, јас немам верба во тоа што тие го нудат, рече Пендаровски.